Прости и сложени глаголски форми

 
Во воведниот дел учениците ќе учествуваат во интересна активност – Патување низ времето. На таблата наставникот има истакнато неколку слики кои претставуваат различни сцени и контексти од различни времиња. * Учениците треба да изберат слика која им е најинтересна и да разговараат во пар за да ја истражат сцената и да се замислат во контекстот на таа сцена. Да размислат како би се чувствувале да се таму, на тоа место, што би правеле/ направиле, ќе направат итн... Потоа, ги споделуваат своите описи пред паралелката. Секој ученик треба да размисли за времињата и глаголските форми кои би ги користеле за да ја опишат сцената на сликата. Учениците при опишувањето користат глаголи во личноглаголски форми за трите глаголски времиња (минато, сегашно, идно). Оваа активност ќе ги активира предзнаењата на учениците и ќе ги подготви за истражување на глаголските форми во текот на часот.

Comments