Боите на есента



Пристигна есента ...на часот по македонски јазик учениците добија инспирација и напишаа прекрасни состави за боите на златно -жолтата есен.

Ниеден уметник не може да се спореди со раскошниот талент на мајката природа, а кога се боите во прашање, есента е ненадминлив мајстор..


                                         Есента во мојот крај - Андријана Здравевска VIII -2
 
Есента пристигна и во мојот крај. Таа прекрасна убавица облечена во жолт фустан што го распостелила низ целата природа.
- Жолти лисја насекаде околу нас. Кога ке ги згазнеш тие шушкаат, како да сакаат да го најават доаѓањето на есента.Eсента
доаѓа, па сите се подготвуваат за зимските денови. Се прават зимници и многу други работи.

 Но да не заборавме дека кога ни доаѓа есента почнуваат и училишните денови. Првачињата се многу среќни бидејќи почнуваат на училиште, а пак тие малку поголемите си велат: ,,Колку би било убаво  да можеше распустот да траеше малку подолго", бидејќи знаат што ги очекува ...долга и за некои тешка учебна година.
- Сепак есента си тече. Има сонце и облаци, дожд и студ. За некои есента е сурова и тешка, а за нкои кратка и весела.-Иако е малку студена есента за мене е многу убава и весела со нејзиниот жолт килим. Есента за мене е најубавото годишно време
.




Eсента во мојата улица -Ангела Ристевска VIII-2

          Со лесни крилjа на птицата, со мекоста на пердувите во безброј бои ни долета eсента. Облечена во жолта свила убава како принцеза завладеа во нејзиниот дворец, исполнет со убав мирис на зрело овошје.
Ги повикува орачите,сеачите да ги обработуваат  нивите да ги посеат за наредната година.
           Есента се прошета низ полиња и низ нашата улица, и ја допре нашата винова лоза која горделиво стои пред нашата куќа. Секое утро лист по лист откинува од нејзините гранки и ти фрла на  нашата улица, а ветерот нејзиниот придружник ни ткае килим од суви и жолти лисја, но есента и дождот и е верен придружник. 
          Едно утро ситниот дождец затропа на нашите прозорци и извика: ,, Ајде дечиња земете ги вашите чадорчиња и дојдете да си поиграме''.  
Кога во синовото и намуртеното утро тргнавме за на училиште, го слушам тажното крцкање на сувите лисја под моите нозе. Го гледам сивото врапче радосно лета од гранка на гранка барајќи храна, а студениот ветер не плаши уште повеќе, ги плаши децата  Ветерот е строг а есента е добра и затоа децата го сакаат ова годишно време.

Пристигна есента...Бошко Талевски- VIII-2

      Есента полека, но сигурно чекори насекаде околу нас. Каде и да погледнеме се е обоено во златно-жолта боја.  
   Дрвјата во парковите срамежливо ја менуваат бојата на лисјата од зела во светло-жолта боја и лист по лист се ронат и шушкаат под нозете на минувачите.
Земјоделците ги берат последните плодови од нивите.Пазарите се полнат со различни овошја и зеленчуци и како да не мамат со своите различни бои да ги ги купиме и да направиме зимница.
      Во есен се е некако убаво, весело и разиграно... 

                Мирисот на есента- Андреја Николовска VIII-2

      Есента- едно од најубавите годишни времиња. Кои ги маѓепсува улиците, парковите, училиштата па дури и дворовите. Во тој период од годината градот е волшебен.
Исушените листови кои се секаде околу нас ни шепотат дека есента пристигна. Се почнува од месецот септември кога децата со своите мајки, пазарат училишни прибори, тетратки, учебници, нова облека и ред други работи. 

    Доаѓањто на есента ги радува и бабите и мајките, дедовците и татковците се чувствува мирисот на традицијата. Традицијата на ајварот кој што е редовен специјалитет во секое семејство. Мирисот кој не маѓепсува сите, и не можеме да останеме рамнодушни, а да не сркнеме со лажица додека ајварот се пржи. Тоа е најубавиот момент во есента. Правењето на компот и мармалад, ја прави уште послатка есента. Периодот кога се бери грозјето и се прави ракија или вино ги прави среќни дедовците и татковците.
    Есента е фантастичен период од целата година кои ги прави луѓето среќни, ги прави да се чуствуваат како мали деца додека газат по исушените листови.



Есен- Ангел Насев-VIII-2



Топлото лето си замина. Со себе ги однесе долгите безгрижни денови. На негово место настапи Нејзиното Величество „Есента“. 
Таа прво срамежливо ги растура своите раскошни бои низ шумите. На дрвјата им ги бои лисјата во сите нијанси на жолто.

Само зимзелените горди борови и елки си го зачувуваат своето зелено крзно. Есента поминува и низ полињата, фрла од својата кошница зрели плодови насекаде...  На јаболкниците им ги полни гранките со вкусни црвени јаболка. На дуњите им дава златно жолта боја. Калинките не’ мамат со своите крупни плодови.Луѓето се растрчани да ги соберат плодовите што ни ги дава самовилата. Како да сакаат во своите домови да ги однесат сите богатства на есента.
           За мене есента има посебно значење. Јас сум роден во октомври, најраскошниот и најбогатиот месец во годината.        

Есенски слики-Димитар Велјановски VIII-2


     Есен како есен,  секаде стигнува па така и во мојот крај. Секаде паѓаат лисјата, врне дожд, се појавува виножито и го краси небото. Но, кај мене е поинаку... златните лисја паѓаат на земја долго долго... како пердуви, капките дожд се само украс на виножитото што го краси небото со облаци.

     Есента сепак може да биде сурова : да заврне додека некој ги цепи дрвата и се припрема за студената зима, да се заоблачи додека некој прави зимница, да залади, да заврне град, да дувне студен ветер. 
     Но ветерот, дождот, градот, облачното време а некогаш и снегот се сите појави што ја прават есента една од најубавите  периоди во годината. Есента исто така, е позната и по многу нешта : почетокот на учебната година, менувањето на часот, паѓањето на лисјата...

   . Од тебе зависи дали ке ја сметаш како добра или лоша, но пред се есента е најубава  Да ја поздравиме со песна и да посакаме следната есен да биде уште поубава и поплодна ...


Есенски пејсаж-Васко Костески VIII-2

 

Ги поминуваме последните часови од топлото лето, со играње и смеење.Лисјата пожолтени почнаа да паѓаат на земјата, силниот ветер почна да пее студени песни. Птиците си заминаа на топлиот југ, а само децата останаа гледајќи низ прозорците и велејќи си кога ке застане лошиот дожд.

                                                    Но ,есента ни донесе и многу плодови и многу луѓе кои ги берат плодовите во нивните плетени кошнички. Дрвјата немаат ниту еден лист на нивните долги гранки, тие беа потполно осамени. Целата земја беше послана со шарен килим, од жолтите и зелените лисја, кои крцкаа под чекорењето на човечките нозе.

                                                 Така тоа траеше повеќе од три долги врнежливи есенски месеци.


ЕСЕНТА ВО НАШИТЕ КРАИШТА-Никола Манојловски VIII-2
Убава е есента под нашето македонско поднебје, во нашите краишта исполнети со природни убавини. Ја сакам. Ја сакам со боите што ги носи ова годишно време: жолтата која на листопадните дрва се прелева како злато или свети како златно сонце од зрелите дунки или црвената како крв боја на зрелите јаболка. Го сакам селото и селската идила во ова годишно време, кога се берат плодовите од нивите: крушите и јаболката од овоштарниците, пченките и сончогледите од нашата рамница Пелагонија, компирите и тиквите од градините, празот и кромидот, гравот... А зрелото грозје благо како шеќер кое се збира од лозјата е приказна за себе која се раскажува години потоа а е слатка и убава како старо македонско вино, црвено, што се пие со македонска мераклиска песна... Убава e есента на сјајниот и вишен високо Пелистер, кога боите се прелеваат како на ткаен македонски килим со златни бои... Го гледам и се воодушевувам но со китка тага во душта кога есента ги гони птиците преселници во јужните предели. Градскиот парк, нашата убава Битола во есен се слика од ненасликана разгледница, разгледница која може да се понесе само во спомените.
Есента во мојот крај- Марина Силјанова VIII-2

          Есента е едно од најубавите годишни времиња.Со неа започнува и учебната година. Во есен лисјата на дрвјата пожолтуваат и се одделуваат од гранките. Деновите набргу стануваат пократки, а ноќите подолги и постудени.По небото се почесто се бркаат темните облаци. Парковите, планините, градините ја променуваат својата боја. Со нас останаа само птиците и нивната тажна песна. Подоцна и птиците ке се соберат во јата и ке отидат во потоплите краишта. На улиците повеќе не се слуша детскиот џагор. Во есен се одбележува и "Ноќта на вештерките" која е незамислива без тикватаа која е незаобиколен декор на ова празнување. Есента веке ги распрска своите златни бои насекаде. Затоа и велиме дека ЕСЕНТА е сликар на природата.



Comments

Post a Comment