Како да го направиме Интернетот побезбедно место за сите нас?

Во наставните програми од прво до шесто одделение се воведени содржини со медиумската писменост, со цел учениците да се запознаат со главните начела на медиумската писменост и да стекнат вештини за критичко размислување. 
Овие содржини, исто така, придонесуваат учениците да соработуваат меѓу себе, да пристапуваат до различни содржини на интернет и критички да ги анализираат и коментираат пред да ги споделуваат. Според тоа, учениците полесно ќе ги препознаат дезинформациите со кои се соочуваат секојдневно. Во рамките на часовите по медиумска писменост  ја обработувавме содржината - Слобода на изразување и етичко однесување во дигиталниот простор. Учениците научија што значи заштита на приватноста, како да се заштитат  во дигиталниот простор и изработија постери -етички кодекс на однесување на интернет. 
Има многу позитивни страни на поврзаноста што ја нуди интернетот, но исто така, секојдневно се користи за погрешни намени и се злоупотребува, а децата и младите се тие што ја плаќаат цената.
 Интернетот е одличен начин да се поврземе со пријателите и семејството, да се поврземе со светот, да научиме нови работи, да изградиме дигитални и други вештини, да споделиме фотографии, видеа и мислења. Ако се користи правилно, Интернетот може да ни го промени животот така што ќе нè поврзе со цел еден свет на можности за комуникација, учење и слобода на изразување. 
Учениците од шесто одделение напишаа совети за тоа како Интернетот да стане побезбедно место за сите нас. Она што секогаш треба да го имаме на ум е дека – штом нешто еднаш ќе се објави, нема враќање. Погледнете ги нивните постери :
























Comments

Post a Comment