Реалистична приказна

Приказните откриваат тајни светови и се најсаканите творби за децата од целиот свет. Нивното богатство на теми и мотиви е неисцрпно. Едноставно и мудро во нив се раскажува и се одделуваат вистината и правдата, доброто и умното, кои секогаш се победници над сите зла и неправди. Токму приказните се првите и најубавите допири со литературата во детството. Таа нераскинлива врска останува трајна за сите времиња и генерации. Приказните потекнуваат од најстари времиња. Творец на македонските народни приказни е народниот гениј, а нашите најпознати собирачи се: Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други. Станува збор за стари приказни кои во себе обединуваат повеќе децении и векови. А тоа неисцрпно богатство како ука и поука, како најубаво огледало за душата и животот на народот, е извонредно четиво и книжевно богатство. Образованието има клучна улога во постигнувањето родова еднаквост, давајќи значаен придонес за постигнување на пошироки цели за личен развој на учениците. Од приказната ,,Ќерката на дрварот“ добив идеја, инспирација за примена на иновативни и партиципативни педагошки приоди, со интегрирање на родови перспективи, коишто ќе придонесат учениците да развиваат знаења, вештини, вредности и ставови што промовираат родова еднаквост. Верувам дека родовата еднаквост, во и преку образованието, може да се гради во насока на намалување на родовите стеротипи, дискриминацијата и насилството.

Comments