Сказна за лебедот

Бајките никогаш не умираат, тие имаат вечен живот. Пред сѐ затоа што се необични, интересни, поучни, привлечни. Нив ги сакаат не само децата на кои им се раскажуваат и прераскажуваат, односно прикажуваат, ги обожаваат и возрасните. Бајките се неисцрпни, трајни и незаборавни и затоа што се фантастични, волшебни, нестварни. Светот што е реален е многу суров и груб, па бајките се мало бегство од сето тоа. Во нив секогаш победува добрината над злото, доброто над лошото, убавото над грдото… Па, има ли нешто попрекрасно, поблагопријатно и попосакувано од тоа. Световите на бајките се бескрајни и бесконечни. И додека има родители и деца, баби и дедовци и внуци, на светот и во векот ќе има и бајки. Една извонредна бајка која ќе ја работам со учениците на часот по македонски јазик е ,, Сказна за лебедот“- Десанка Максимовиќ од која извлековме поука дека не секогаш во бајките има лоши ликови, дека понекогаш сами на себе си правиме лошо и дека во светот навистина постојат добри луѓе.



 

Comments