Сказна за детето и месечината

Сите ние се сеќаваме на она чувство од детството кога нашите родители или баби и дедовци ни читале бајки. Детството на секој човек било обележано со барем една бајка. Се идентификувавме со барем еден херој или фантазиравме со измислени ликови. Главниот лик на секоја бајка е секогаш добра личност која се соочува со различни предизвици и го победува злото. Злото секогаш се казнува и уништува. Во бајките се појавуваат натприродни суштества и невозможни настани. Децата сакаат бајки од многу причини. Она што детето може да го најде во добра бајка, не може да го најде на ниедно друго место на светот. Доживувањето на бајките од детството е еден од условите за градење и зачувување на оптимизмот во животот, правилен однос кон луѓето и воопшто кон животот. Самиот факт што бајките траат со векови, опстојуваат и покрај напливот на вредни и помалку вредни содржини за деца, зборува за нивната голема вредност и важност за развојот на децата. Некогаш големиот Ајнштајн им се обратил вака на родителите: „Ако сакате вашите деца да бидат паметни, читајте им бајки, а ако сакате да бидат уште попаметни, читајте им повеќе бајки...“.
Безброј пати, во бајките, често се случува злото да доминира над доброто и дека изгледа бесполезно да се биде добар, дека идеалите за добрина  се всушност погрешни и безвредни. Често, изгледа како најблагородните  ликови од бајките поминуваат низ разни ситуации кои изгледаат безнадежни, и се чини дека сите лоши, корумпирани и зли, негативни ликови ќе триумфираат над чистите души, ликови кои се  благородни и искрени. Сепак, бајките, но и самиот живот, често знаат  да дадат нов епилог и крај. Животот создава чуда и прави различни баланси помеѓу спротивностите. Злото само наводно претпочита добро, но самата илузија не е она што ни го нуди самиот живот. Вечната борба, вечните прашања, но и вечниот победник не се лошите  луѓе туку вистинската добрина е во длабочината на нашите души.

Comments