Мали истражувачи од виртуелната училница ...








Часовите по македонски јазик се секогаш интересни за учениците бидејќи , самиот предмет дава можности за интегративен пристап кон содржините и истиот го применувам често. Најчесто се интегрираат содржини по предметот македонски јазик со историја, природни науки, англиски јазик, ликовно образование, информатика, етика на религии... Македонскиот јазик е изворот на културолошки и филилошки истражувања Првата недела од октомври научивме за Македонскиот јазик во 19 век и Македонскиот јазик во втората половина на 19 век. 
 Научивме дека :
 *Сe појавуваат првите просветители (Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ) ги испечатиле првите книги на народен македонски јазик на почетокот од 19 век 
*Кон средината на 19 се засилува прашањето за формирање единствен јазик, литературен јазик, кој ќе се употребува во училиштата, како и за пишување текстови, учебници и друга литература. * Во втората половина на 19 век започнува Преродбата на македонскиот јазик (Романтизмот во Македонија) 
*Во втората половина на 19 век во Македонија се забележуваат почетоците на граѓанската литература наспортоти дотогашната црковна книжевност на првите македонски просветители, растел интересот за народна литература ,започнува собирачката дејност на македонското народно творештво. 
* Научивме  за преставниците на преродбата :Димитар и Константин Миладинови, Рајко Жинзифов, Григор Прличев, Јордан Хаџи Константинов Џинот,собирачите на народни умотворби Марко Цепенков, Кузман Шапкарев 
 *Од втората половина на 19 век,учебникарите,Ѓорѓија Пулевски и Партениј Зографски се најслини поборници за посебноста на македонскиот народ. 
 Учениците од осмо одделение направија истражување, секој ученик индивидуално изработи свој проект за личноста која најмногу им остави впечаток од овој период. Проектите на учениците содржат податоци за животот и делото на македонските просветители! Некои од учениците навистина темелно истражуваа за значењето на просветителите и изработија прекрасни проектни задачи.
 Како наставник навистина имам привилегија да работам со генијални, креативни и топли ученици и баш поради тоа ми недостига енергијата од училницата , но и користењето на виртуелна средина за учење може да го направи учењето повозбудливо, а наставата поинтересна!  Погледнете ги нивните изработки!


Comments