Седи дома и пишувај расказ!

Во седмо одделение ги изучивме елементите на прозен текст:
 * ЛИКОВИ (Главни и споредни)
* ТЕМА ( Предметот на обработка во епска творба се вика тема)
* ФАБУЛА (Низа на настани кои авторот ги подредил по редослед) -Фабулата ги раскажува настаните на два начини: хронолошки - по редослед како што се случиле; или ретроспективно - започнувајќи со последниот настан.
* СОДРЖИНА (Ако го прераскажеме се' она што е раскажано во творбата од почеток до крај, како што е напишано во творбата тоа претставува содржина на творбата)
* ИДЕЈА (Основна мисла присутна во творбата, односно пораката на текстот, целта на авторот испратена до читателот)
* СТИЛСКИ ФИГУРИ (стилските фигури - изразни средства, авторите ги употребуваат за да постигнат поголема сликовитост, музикалност и емоционалност во творбата.)-Да се потсетиме ги учевме :Епитет, компарација, метафора, ономатопеја (анафора и епифора се типични стилски фигури за поетските творби)
* РАСКАЖУВАЧ-НАРАТОР (ЈАС - раскажувач во прво лице, раскажувач во трето лице- СЕЗНАЕЧКИ - раскажувач)
* ИСКАЗ НА ЛИКОТ (директен и индиректен)
 * ЛОКАЛИЗАЦИЈА (Време и место , каде и кога се случува настанот)
Обидете се да ги искористите вашите знаења за елементите на прозен текст и напишете текст според насоките дадени во постерот! СРЕЌНО !

Computer Clipart Boy Playing Computer
 

Comments