Награден литературен и ликовен конкурс


ОУ „ Коле Канински“- Битола по повод Денот на училиштето распишува

Литературен  и Ликовен К О Н К У Р С
На тема:
„ДРУГАРСТВОТО НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ“
Конкурсот трае од 07.05.2018 година до 14.05.2018 година. Право на учество имаат сите ученици од II до IX одделение во ОУ,,Коле Канински“ како и во подрачните училишта во с.Поешево, населбата Буковски ливади и с.Буково. На конкурсот може да учествуваат сите ученици кои ја сакаат ликовната уметност и секој вљубеник во пишаниот збор. Литературните творби можат да бидат напишани во проза и во поезија. Литературните и ликовните творби  да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме,како и податоци за наставникот ментор.
Литературните и ликовните творби да се доставуваат кај наставниците по македонски јазик  и наставникот по ликовно образование.Пристигнатите литературни и ликовни творби  ќе ги оценува комисија составена од наставниците по македонски јазик и ликовно образование по завршување на конкурсот. Првите три творби ќе бидат наградени, а наградите ќе бидат соопштени на 15.05.2018 (вторник) во 16 часот ,на литературно-ликовната работилница, во просториите на ОУ,,Коле Канински“-Битола

       Дата:                                                ОУ. „ Коле Канински “-Битола
 07.05.2018  г.                                                                           

Comments