Втора награда на литературен конкурс

Ученичката Емилијана Ризоска од VII-5 одделение ја доби втората награда на литературниот конкурс ,,Детскиот свет-цело срце да го собере“ во организација на ОУ,,Стив Наумов'“од Битола , распишан по повод патрониот празник на ова училиште.



Еве ја и нејзината литературна творба...


ДЕТСКИОТ СВЕТ

Најубав е детскиот свет
како во сладок сладолед.
Кон небото се редат сказни,
во игрите разни.


Во детското срце љубов е посадено
и тоа никогаш нема да биде ограбено.
Детските срца се како сончев сјај,
љубовта на децата нема да има крај.


Никогаш да нема лаги,
за во другартвото да нема таги.
Секогаш сите среќа да не следи,
и љубовта да се сака вреди.


Честитки до Емилијана и да и се множат наградите!


Comments