Визуелни и аудитивни елементи во песните

Во песните сретнуваме стихови кои нè поттикнуваат кон создавање слики за она што е опеано,тогаш велиме дека поетот употребил визуелни елементи. 
Во песните наидуваме на зборови кои нè упатуваат на некакви звуци,тогаш велиме дека поетот употребил аудитивни елементи.
 Овие елементи ја збогатуваат сликовитоста и музикалноста на поетските творби.



  При обработка на наставната единица за визуелни и аудитивни елементи во песните, учениците напишаа прекрасни творби на тема :,,ДОЖД“



Дожд
Надвор врне капки ситни, капат на класја житни. Сите си шетаме со чадорче наше и кога грме секој се плаши. На прозорецот ситни капки течат, а мене многу за надвор ме влечат. Сега се радуваме сите и убаво ги поминуваме дните. Антониа Велјанова

Врне дожд
Врне дожд, со по еден грош. Бисерни капки роси, луѓето не шетаат боси. Чадори шарени, од темното виножито галени. Секој по улица брза, и повеќе нема мрза.
Анастасија Чипуровска


Дожд
Кога бев мал сакав дожд Дожд кога врнеше Со моите другарчиња фудбал се играше. Кога некој ќе паднеше дома се пресоблекуваше Да играме фудбал , пак доаѓаше И сите бевме среќни. Веби Мусов




Дождлив оркестар

Так,так,так слушам на прозор пак чадорче шарено земам за прошетка се спремам.

По улици водени итам и пеам во ритам. Златно-жолти лисја паѓаат, нови стихови во мене раѓаат. Запри дожду иако е есен нас на децата домот ни е тесен. Па и нека роси, решивме да играме боси. Дождот и децата се другари стари и есента со нив,радост им дари.
Димитар Тодорчевски



Дождот
Надвор кога врне дожд, сите деца се многу тажни, и тажно се гледаат во прозорците влажни. Надвор кога врне дожд, сите деца се многу тажни, затоа што надвор не можат да ги играат нивните игри важни. Бојан Петревски

                                    
Дождлив ден


Дождот го наврна нашиот град, Кап,кап,кап на секој час. Неможе ни ден да пројде, без дождот да ни дојде! Есента е крива, таа дождот ни го свила, го слушаме како капи, оди како со мапи!
Ева Ацевска


Дожд


Кога дожд ќе заврне, знае и да загрме. Тоа не го сака некој- повеќе сака сончево време скоро секој. Сонце да грее за секој да се смее, насмевка на секое лице тогаш ќе има се разбира поради топлата клима. Ангела Огненова


Есенски дожд
Летото си ојде, но есента ни дојде. Надвор цело време врне, а понекогаш и грме! Додека жолтите лисја шумно паѓаат луѓето сфаќаат дека есента ни дојде, а со неа и тешките врнежи! Ива Манојловска


Шарен град

Сонцето си ојде Дождот ни дојде, Облаците ни дојдоа, Но ѕвездите си ојдоа. Прекрасното небо Ѕвездите ги бара, Но, дождот Секогаш градот го шара. Евгенија Костовска


Дожд
Кога сонцето ќе се скрие Зад големите темни облаци, А низ улиците врие Деца, стари, палавковци. Незнаат тие Дека дожд ќе турва, Со часови ќе трае И ќе има мала поплава. Андреа Николовска


     
Дождлив ден


Кога паѓаат крупни капки Јас на прозорецот јадам слатки. Кога врне дожд силен облакот очигледно не е мирен. Капките паѓаат и се слуша како силен ѕвон. Јас во креветот си имам убав сон Кога врне чадор се носи и кога малце роси. Емилијана Ризоска

Есенски дожд

Сонцето појде,дождот ни дојде врнат дождови матни, и дуваат ветришта ладни. Низ прозорецот децата гледаат со погледи тажни,
кон игралиштата и улиците влажни. Облаците темни почнаа да росат и дождови да носат. Есента ни дојде! Стефанија Каранфиловска

Comments

Post a Comment