Книгата како медиум




Книгата е долг тунел на знаења во кој се подлабоко влегуваме и се повеќе се буди љубопитство. 
Книгата е цвет кој постојано цвета и не вене, ѕвезда која постојано сјае и не гасне. Огромно богатство кое нè прави личност. Таа е како сјајно, жолто сонце кое грее над сите зрели полиња, како пеперутка што ги буди росните цвеќиња, како пламен кој гори секогаш во нашите срца, едноставно книгата е како патоказ за среќен и удобен живот. Таа претставува втор вид на дружeљубив човек на земјата, единствено нешто што треба да направиме е да ја запознаеме и да го откриеме богатството скриено меѓу таинствените корици.... 


Книгата ни носи скапоцени знаења кои се доволни со вистински труд да нè направат културен и паметен човек. Книгата е најдобриот другар кој никогаш нема да те издаде, туку во душата ќе ти влее многу мудрости со кои ќе се гордееш и кои ќе ти бидат полезни во животот.  Книгата е извор на чувства, небо покриено со прекрасни ѕвезди кои ѕирнуваат во длабочините на срцето. Книгите се пролетен дождец, златно зајдисонце, светла капка роса и прекрасна Месечина.Таа е како поточе од кое непрекинато течат, се леат нови волшебни зборови. Таа може да нè одведе секаде, на месечината, на дното од морето, да нè врати во времето кое поминало. Таа е волшебничка што може да направи чуда...

На часот по македонски јазик учевме за деловите на книгата и научивме дека :
*книгата ја создава автор кој оригиналната идеја ја разработува во содржина која пак читателот ја чита во испечатена форма или во електронска верзија (е-книга)
* kнигите имаат: корици со наслов и автор, страница со податоци за издавачот, уредникот, страници,содржина, предговор, поговор,пасус,глава, том.. 

Comments