Поетите од ОУ ,,Коле Канински“ -Битола






Во шесто одделение учевме за лирика се запознавме со мотив и видови лирски песни според мотивите .
Основната мисла-водилка која го поттикнала  авторот да ја создаде својата творба се вика МОТИВ. 
Според мотивот песните можат да бидат : љубовни песни ,родољубиви или патриотски песни (песни во коишто се пее за љубовта кон татковината), пејзажни песни(песни во коишто се опеваат убавините на природата), хумористични песни (песни коишто имаат за цел да нѐ насмејат) итн. Понекогаш не може да се одреди мотивот во песните бидејќи тие се испреплетуваат
На часовите по изразување и творење . Учениците имаа шанса да творат, да сликаат со зборови. Нема нешто повозвишено од тоа чувствата да ги споделиш на хартија , да создадеш свое уметничко дело. Не мора да си генијалец во зборовите за да пишуваш поезија едноставно треба да се комбинира желбата, фантазијата и истрајноста за да се открие поетот во ВАС.
Малите поети од шесто одделение насликаа со зборови прекрасни уметнички творби со разни мотиви. Досетливите, креативни поети напишаа : пејсажни песни (За некое залутано славејче) , ( За некое убаво езерце) ; хумористични песни ( За некоја Менка која сака да стане манекенка) , љубовни ( За мама, ракометот, фудбалот) ... Прочитајте ги песничките на малите креативци и ако се различни ќе видите дека сите имаат исти интереси и исти желби.

Доцна есен

По гранки плодот жолто златен зрее
И чиниш ќе падне на ветерот што вее.

Се смуртило небото во сивкаста боја
Орачот житото го жнее
На нивата своја.

Задувале ветришта ништо не ги кроти
Запеале песнички по есенски ноти.

Деновите станале дождливи и матни,
Но есента има најубави лисја златни.
                          
Филип Јонески – 6-2

Крај езерото..
Езерските бранови ѕвонат,
децата нежно сонат.

Езерото љубов точи,
заљубените се гледат во очи.
Додека ветерот вее,
Езерото се смее,

Езерото е сино,
не е како во кино.


Во лето убаво ѕвучи,
со брановите фучи.


Езерото убавина има,
и прекрасна боја сина. 
Мирослав Милосављевиќ 6-3

Езерска слика

Стојам покрај езерото ,
гледам езерска слика,
Сонцето силно блика.

Сончевите зраци
на езерото паѓаат ,
а дрвата покрај езерото
убави сенки раѓаат.

А езерото слатко се смее,
додека славејчето пее.
И рибите пливаат,
а животните покрај езерото
полека заспиваат.

Викторија Стојановска 6-4

Песна за годишните времиња

Пролет, лето,
есен,зима
секое време
своја убавина
си има.

Пролет штом иде
весело ќе биде,
пеперутки, цвеќиња разни
слика како од сказни!

Лето жешко лето
не мами езерето
на одмор се иде
убаво ќе биде.

Златна есен
со пејсаж интересен
ладно ветре вее,
а по нивите житото се сее.

Зимата пак го покрила брегот,
децата му се радуваат
на снегот!
Николина Лозановска 6-2


Езерска убавина
Песната на брановите секојдневно се пее,
а солнцето силно грее и се смее.
Бранот е толку тих,
што ме инспирира да го напишам овој стих.


Сонцето силно пече,
што дури до езеро ме вовлече.
Јас пред езерото се поклонувам,
и во езерските води се засолнувам.
Анастасија Мојсиќ 6-4

Езеро
Езерото среќа носи,
а тагата ја коси.
Има прекрасна сина боја
исто како душата моја.

Езерото љубов шири
и скараните ги мири
Насекаде галеби во лет
и целиот жив свет.
Благица Димовска 6-3

Мојата мајка

Мојата мајка
е добра и драга 
секогаш кротка 
 и со насмевка блага. 

Кога сум среќен
таа се смее,
а мене тогаш
срцето ми пее.
Мартин Богданоски 6-2

Утро крај езерото

Едно утро
крај езеро ширно,
птиците летаат
весело и мирно.

Во водата падна
еден жолт лист,
ние се шетаме
дишеме воздух чист.

Езерото се тресе
oд ветерот што дува
бранчиња се прават,
но брегот ги чува.

Шетај покрај езеро 
исправен, прав,
за да бидеш спокоен,
мирен и здрав.
Христијан Стојановски 6-3

ЕЗЕРО

Eзерска шир-убавина,                         
одблесокот
од сончевите зраци
како дијаманти расфрлани наоколу.

Брановите нежно
како некоја самовила
си играат и
ги галат бреговите.
Бистрата вода
како огледало сјае
детето радосно и желно
од восхит трае.

Кајчињата мирно пловат,
лебедите пливаат и уживаат,
а галебите верно 
го обележуваат езерскиот свод.
Вангел Ризоски 6-4

На брегот на едно езерце..

Езерото има убавина своја
и блескава сина боја,
насекаде воден свет,
Галеби летаат во лет.

Ех,тие бранови што ѕвонат

и децата ги сонат,
езерото е во прекрасен сјај,
како цвеќе во мај.
Од езерото вода се точи
тоа е слика како убави сини очи
езерото нам ни се смее
и езерска песна ни пее.

Благојче Огненов 6-2

Убавината на езерото
Езерото има убави очи,
Во срцето на сите љубов му точи.
Во езерото бранови ѕвонат
и рој снегулки ронат.

Месечината над езерската шир светка,
тоа е слика за глетка.
Ветерот децата ги гали,
а гулабот ги гушка своите мали.
Ангела Павловска 6-3

Езерски убавини
Meчтаам да ја видам
волшебната слика,
на која едно езеро
со својата убавина блика.      


Кога е полна месечина,
целото тоа сјае,
секој жив би посакал
тогаш таму да е.

И кога од дождот и сонцето
виножито ќе се роди,
неговиот одблесок ќе се прелива
врз езерските води.
Марија Димоска 6-4

Моето Езеро
Додека едно дете вај- фај лозинки хакира,
езерцето со нејзината убавина не шармира.

Езерото е сино
не е како во кино.

Езерото убавина има,
и прекрасна боја сина.
Филип Ќебаковски 6-3

Езерска слика во пролет ...
Ветренце...     

Пролет е...
Гранчиња со среќно срце,
се радуваат на топлата пролет.

Чекорејки покрај брегот, 
се восхитувам со сопствените очи.
Пролетта над езерото, 
безброј убавини точи.

Над водената шир, 
пролетта во разбранет немир. 
Залез во бои, 
прекрасен килим крои.

Птиците долетаа, 
од јужните краеви слетаа.
Езерските далги пенливи песни пеат, 
а на гранките талог од лисја се сеат.
Божидар Огненовски 6-4

Езерски убавини
Езерски бранови тивко ѕвонат 

децата убави соништа сонат.
Во езерските далги
лебдат прекрасни сини алги.

Езерото има убави очи,
и на децата радост им точи.
Сонцето ги распосла своите зраци ,
а лебедот ги шири своите краци.

Месечината жолто свети
и во езерото зраците 
ги плети.
Марија Трајковска 6-3

Мојата мајка
Моjата мајка е мила
и нежна како свила.
Таа ме сака
без мака.

Таа е ѓердан
на мојот врат.
Птица што 
секогаш ме посетува.

Кога ми е најтешко
таа е до мене,
никогаш не ме остава
и не ме заборава.

Засекогаш во моето срце


ке остане мојата мајка
убава и мила.
Ангела Нонкуловска 6-4


Езеро мое
Кога сонцето зракот го крши
над тие ширни води,
можно ли е поубаво да нема езеро мое
која природата тебе те створи.

Дури и ветерот милно те гали
како на девојка брановидна коса
има ли некој кој не би и подзавиде
мислам,шетајќи по брегот боса.

О езеро мое
поздрави ти праќам
секоја воздишка твоја
со ветерот ја враќам.

Секоја тајна,секоја солза
скриена низ тие силни води по тебе
езеро мое,прошетка
на секого му годи.
Ана Ѓорѓиевска 6-4


Сино езеро
Езерото е сино,
не е како во кино.

Езерото е како две очи,
тоа љубов и мир насекаде точи
.
Езерски бранови на брегот ѕвонат
децата прекрасни соништа сонат.
На зајдисонце волшебно блеска,
со бранчиња на крајбрежјето плеска.

Во лето езерото како најубава музика звучи,
 и сини бранови го брануваат од ветрето што фучи.

Лука Марков 6-3

Љубовта кон мама
Љубовта кон мама
е многу голема,
убава ко мајски цвет
во пролет обоена.

Мајка е една
најмила на светот,
за мене е таа
најмногу вредна.

Мојата мајка
е убава и мила,
нејзините раце
се меки како свила.

Јана Стојчевска 6-4


Лето
Летото е топло,
жешко со полно убавини,
како што се 
поседоците бабини.
                     
Како жолт дијамант,
свети убавото сонце,
зраци насекаде 
околу целиот свет.

Сите одат на езеро,
море, или океан.
И насекаде го има
топлиот бран.

Школки и риби
во водата има,
тие живеат 
и во лето и во зима.

Симона Станојоска 6-4

Песна за славејчето
Кога славејчето пее
сонцето го грее.

Кога славејчињата пеат,
децата се смеат
и нивните срца од радост  греат

Кога славејчињата летаат
на никој не му сметаат.

Славејчето е дар од бога,
и затоа треба да го чуваме
како нашата нога

Петар Талевски 6-4

Езерото во очите мои

Езерото во очите мои
е како слика која на едно место стои,
и е шарено како кога баба платно крои

Езерото во очите мои
е богато со бисерни бои,
тоа е чисто како детска дланка
и мирно како дете што се санка.

Езерото во очите мои
е езерска слика
која од убавина блика.

Езерото во очите мои
Е нежно мирно и невино како рај
и од сите страни блеска од сјај,
а најубаво шумоли во мај.
Тамара Гилева 6-4

Comments