Втора награда на литературниот конкурс ,,Битола без електричен и електронски отпад“

Ученичката од VI-4 одделение, од нашето училиште Марија Димоска  освои втора награда на литературниот конкурс на темата : ,,Битола без електричен и електронски отпад“. Честитки за Марија и  посакувам уште многу творечки  успеси  и добиени награди! Нема нешто поубаво да се негува убавината на мајчиниот збор,а уште поубаво од тоа е да се создаде уметничка песна која допира до срцето!!! Горда сум што имам вакви ученици!

 ,,Битола без електронски и електричен отпад"
Битола да се чува, размислувам често, чист воздух и рекичка, а и за прошетка да има место. Ајде сите ние да се здружиме заедно, и електричниот и електронскиот отпад да ги отстраниме, воедно. На секое ќоше корпа, за тој отпад да се стави, за да може градот, наш, убавината своја да ја слави. Да напишеме пораки, да се фатиме за рака и во хор да извикаме: ,,Битола без електричен и електронски отпад, да живее сака!"




Comments