ВО СВЕТОТ НА ФАНТАЗИЈАТА

Фантазијата е клучна алатка во животот на човекот, понекогаш само за да се избега од реалноста и да се остварат барем во мислите некои работи кои толку многу ги посакуваме, а понекогаш дури е и алтка во еволуцијата на човечката мисла и развој.
Во шесто одделение учевме за фантастичен расказ. Прочитајте ги фантастичните раскази на креативните шестооделенци кои ќе ве однесат на неверојатни места.
СОЛЕНАТА ПЛАНЕТА И ЧОВЕЧЕТО

            Беше обичен ден,станав, се облеков и веднаш го грабнав учебникот по Географија и почнав да читам. Во учебникот ги пишуваше планетите и една од нив се  викаше Соли. Се зачудив и продожив да читам.
            По неколку часа читање. Го оставив учебникот и отидов во гардероберот , го стиснав копчето и полетав. Веднаш стигнав до планетата Соли.Таму дрвјата беа Брокули на нив растеа крекери намачкани со путер. Реката Суп - Суп беше од супа . И една прекрасна солена куќичка. Тропнав на вратата и едно зелено човече ми отвори. Ме понуди со чипси, гризини, краставички и многу други солени работи. И убаво си разговаравме кога одеднаш почна да плачи го прашав зошто плачи. Тогаш човечето ми кажа плачи бидејќи нема "видено" благо, постојано само солено јади. Тогаш јас го понудив да дојде со мене и тој се согласи. Заедно влеговме во ВСЕЛЕНСКОТО ВОЗИЛО кое личеше на гардеробер и полетавме.
            Само што полетавме нешто почна да шушка и што да видам кучето Леси дојде во мојата соба , а јас сум заспала со учебникот по Географија во рацете. Многу ми беше жал што зеленото човече не го однесов барем да проба благо.
Тамара Гилева VI 4

Големите волшебства на убавата виолина''
          Неодамна се случи чудо.Не знам дали беше сон или вистина.Одејќи на училиште наидов на една убава виолина што лежеше на земјата.Ја зедов со себе и продолжив.
           Само што започна часот по музичко и наставникот почна да свири на клавирот,се слушна тажна песна .Се запрашавме кој толку убаво свири,па затоа почнавме да ги прашуваме другарчињатаод класовите.Кога го отворив ранецот видов како свири виолината што ја пронајдов.По две минутки престана музиката и се слушаше некакво цивкање.Наставникот се налути и рече:
-Кој вака цивка и зборува?
Но никој не одговори, но виолината скокна и почна да свири.
Виолината беше кафена,имаше 2 бели раце и 2 бели нозе.Таа се викала Флип Флоп но ја нарекувале Фло.
Фло кажа неколку зборови и. . .
Сите инструменти оживееја,почнаа да свират,им се појавиа раце и нозе,а малите фигури(чоечиња) почнаа да танцуваат.
Одеднаш училиштето се претвори во палата,училницата се претвори во балска сала,ние се претворивме во принцови и принцези а наставникот во крал.
Таа забава траеше 6 дена и 5 ноќи.Кога помина времето повторно се вративме во нашата училница пред нашите книги каде што стоеше нашиот наставник.Сите сакавме,сакаме и ќе сакаме повторно да се врати тој миг кога бевме принцови,принцези,кралеви,кралици,цареви,
царици,фараони и др.
           Ова е една авантура која не може да е реална,но ние сепак веруваме дека тоа беше вистинска случка која ни се случи.
 Симона Крстевска VI 4

Разговор со природата

  Еднаш во пролет,кога сонцето грееше силно,јас,моите родители,другарка ми и нејзините родители отидовме на пикниг на ливада.Се беше многу убаво.Откако ги изедовме сендвичите и го испивме сокот кои што ги приготви мајка ми,отидовме со другарка ми на делот од ливадата со многу цвеќиња.
          Правевме убави венчиња,со прекрасни цвеќиња во разни бои.Занесени во плетењето,една тревка почна да зборува,и ни рече:
-Колку убаво што дојдовте!Го разубавивте денот со вашите разговори и игри.Многу би сакала да ви бидам пријателка!
Ние и одговоривме:
-Секако дека ќе ни бидеш пријателка,и ти нас ни го разубави денот.Топлото ветре,ти и цвеќињата!
           Откако долго разговаравме со нашата нова пријателка,време беше да си одиме.Си отидовме дома,и веднаш го зедов мојот дневник,и го запишував целиот наш разговор со тревката.После ова,јас никогаш нема да ја заборавам мојата пријателка-тревка.
Анастасија Мојсиќ  VI 4


Приказна со личностите од бајките 


           Еден ден одејќи по патот ми влезе нешто во окото. Замижав и кога ги отворив очите пред мене видов еден замок.
            На прозорецот седеше едно девојче со руса коса. Наспроти замокот видов принц на бел коњ, тој се доближи до замокот, се качи на прозорецот и ја спаси русокосата девојка. Ја качи на коњот, јас полека им се приближував, сакав да зборувам со нив. Тие бегале од злобната вештерка, и ако сакам можам да отидам со нив. Јас се израдував , веднаш се согласив и отидов со нив. Патувавме многу долго и стигнавме пред една куќарка. Таа беше куќарката на Црвенкапа, тропнавме и таа ни отвори. Црвенкапа се спремаше да оди кај баба и. Заедно отидовме кај баба и таа ни ја отвори вратата. Одеднаш некој влезе во куќата, тоа беше страшниот волк и тој сите не изеде. Јас бев во стомакот на волкот, по некое време почвствував воздух. Пинокио со својот нос го продупчи стомакот на волкот. Но, тој спиеше и ние така се извлековме. Пинокио не однесе до една голема куќа, тоа беше куќата на Пепелашка. Таа не угости и потоа јас легнав да се одморам.
            Кога се разбудив лежев на патот во паркот и сфатив дека ова беше само сон. Јас сум се сопнала од камен и сум заспала. Мене ми е жал бидејќи не и помогнавме на Пепелашка. 

Викторија Стојановска VI 4

Comments

Post a Comment