Трета награда на Општинскиот литературен конкурс ,,ПЛАМЕНОТ НАШ ОКТОМВРИСКИ ВЕЧНО ГОРИ“




По повод 11 октомври Денот на народното востание и Денот на борецот, беше распишан награден литературен конкурс  на тема „ПЛАМЕНОТ НАШ ОКТОМВРИСКИ ВЕЧНО ГОРИ“  за основните и за средните училиште на ниво на Општина Битола.
 Ученичката Ана Ѓоргиевска од VI-4  одделение од нашето училиште ја доби третата награда за литературна творба во поезија со наслов ,,А бре македонче“ . Честитки за Ана и и посакуваме уште многу творечки успеси и добиени награди.
 А БРЕ МАКЕДОНЧЕ

А бре македонче
оваа земја што ја чекориш, жална е 
секоја педа своја приказна, 
судба моја, твоја, наша е.


А бре македонче
со крв си ја пишел историјата своја,
револуцијата 11 октомвриска
сага ли е твоја?


Го помниш ли денот, бре македонче
кога дигна глас,
се бореше за слободата, за мирот,
за севкупен македонски спас.


Одекна силно пушката в гора, 
се сплоти брат со брат, 
среде тиранијата и окупацијата,
се бараше кон светлоста спас.


А бре македонче 
оваа земја што ја чекорам,
на пролет сонце сјае,
така било некогаш.
ветувам и тоа и ќе трае.

Ана Ѓоргиевска VI-4 одделение 
ОУ,,Коле Канински Битола“
ментор : Марија Недановска



Comments