За добра клима потребни се строфи со рима




Римата претставува гласовно совпаѓање на исти слогови на крајот од два или повеќе стиха.  
Според распоредот во строфата разликуваме: паралелна, вкрстена и обгрлена рима.
 На часот по македонски јазик учевме за паралелна рима.
Паралелна (рамна) рима има во строфите кога се римуваат првиот и вториот стих; третиот и четвртиот стих (ААББ).
 Пример :
,, Te љубам мој роден крај
за мене ти си сонуван рај.
Име ти шепотам милно
те љубам бескрајно силно

Во парови на учениците им беа дадени зборови кои се римуваат, а нивна задача беше да напишат строфа (со римуваните зборови зададени од наставникот)- со паралелна рима.

Погледнете ги творбите на креативните деветтодделенци 

,,Пролетта дојде во пет
и ни даде убав цвет.
Со убави мириси не дарува
и со разнобоен килим не царува“ -Андријана Здравеска

,, Од детските насмевки среќа се разлева
насекаде гледам како сонцето светли бои излева.
Во дворот детето своето куче го гали,
а тоа има миленичиња мали.“ - Ангел Насев и Бошко Талевски

,,Македонски имам пет,
а наставничката ми подари цвет,
љубов нас ни дарува
и таа во нас царува“ - Андреја Николовска

,,Врапчето од југ се враќа,
на сите топол поздрав ни праќа.
Застана покрај студената река
да дојдат неговите пријатели чека“ -Марина Силјанова и Мартин Дамчевски

,, Митре почна да бега,
а студот почна да стега.
Сонцето зраци ни прати,
а Митре дома не се врати.“ - Марио Сиљанов и Наум Трпезановски

,,Жолтата птица кон синото небо лета,
а белиот цвет  на дрвата разнобојно цвета.
Бумбарот под шарените цветови се крие,
за убаво да спие.“ - Васко Костески и Петар Ризоски

,,Овој свет е полн со мрак,
но понекогаш ѕирка светол зрак.
Тогаш пробувам да  сонувам со отворени очи,
но мракот повторно се точи. “- Матеј Горјанов и Давид Кузмановски

,,Таа птица е толку мила,
во пролет шири крила.
Прекрасно знае песни да пее
и сите срцата ни ги грее“ - Никола Манојловски и Сања Иванова

,,Го гледам сончевиот пат
 тој е еден сјај злат.
Нов зрак сонцето раѓа
долу на земјата паѓа“ - Ангела Ристевска и Димитар Велјановски




Comments