Читајте !

„Книгата е сон што го држиш во раце.” рекол Нил Гејман . Со цел да испратиме порака до сите деца, на додатната настава по македонски јазик направивме мали човечиња кои читаат поезија од нашите поети. 
Книгите се огледала и во нив го гледаме она што веќе постои во нас. Читањето на книги значи сонување со отворени очи.Учениците од ОУ ,,Коле Канински“ ви порачуваат читајте книги бидејќи секоја книга има посебна приказна која треба да биде прочитана.Погледнете ги овие мали читатели кои ги создадоа вредните раце на учениците од ОУ,,Коле Канински“ и тие ќе ви дадат  мотивација да читате книги ....





Comments