Час со примена на дигитални сликовници по предметот македонски јазик

Во врска со проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ ,  по предметот македонски јазик ги применивме и дигиталните сликовници кои можат да се најдат во  библиотеката на веб сајтот на -Чекор по Чекор на следниот линк: http://stepbystep.org.mk/mk/biblioteka. 
Наставната единица на часот  беше :Интерпретација на литературна творба: ,, Даниел сака да исчезне “

Во воведниот дел од часот учениците во работен лист ја пополнуваа табелата за носење одлуки, во кој е даден дел каде е поставено прашањето: ,,Дали проблемите во семејството се решаваат со бунтовност и заминување од домот?“) Учениците презентираа затоа -како ги решаваат своите проблеми во семејството и со тоа се доаѓа до откривање на целта на часот, во која ќе откриеме како Даниел ги решава своите проблеми во семејството.











Во главниот дел, преминавме на штафетно читање на дигиталната сликовница, а потоа и анализа со стратегијата четири  табели

I  група –Табела: чекор по чекор ( Учениците го пополнуваат делот од табелата –чекори каде што всушност ќе го запишат текот на настаните на приказната, а за секој чекор следува пополнување на делот од табелата- детали каде што подетално ќе го прикажат текот на настаните )
II ГРУПА –Табела со 5 прашања ( Учениците ја пополнуваат табелата каде што треба да одговараат на следните прашања: Што се случи? Кој беше таму? Зошто се случи? Кога се случи? Каде се случи?. Преку табелата всушност ќе направат анализа на приказната и ќе се провери колку учениците ја разбрале нејзината содржина)
III група - Табела: проблем-решение (Учениците ја пополнуваат табелата каде треба да го детектираат проблемот, да одредат зошто се појави проблемот и да одговораат кои беа пробните решенија за проблемот и резултатите од истите и кој е крајниот резултат односно како се реши проблемот )

IV група  Табела -Мапирање на лик  (Преку оваа техника ,учениците вршат анализа на главниот лик и неговите особини)


Изборот на активноста со примена на дигитална сликовница  се покажа како полн погодок.Во текот на часот учениците беа поттикнати и мотивирани за работа. Тие со интерес ја читаа содржината на сликовницата. Притоа соработуваа меѓусебно во групите, комуницираа и си помагаа. Темата на сликовницата отвори можност за дискусија, и со тоа ја сфатија и пораката на сликовницата :Љубовта е решение за сите проблеми.

Comments

  1. Ви честитам колешке на големата љубов со која ја работате вашата работа!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ти благодарам колешке за убавите зборови :)

      Delete

Post a Comment