,,Јас и ти исти“ - небо од балони



Нашето училиште е дел од проектот за меѓуетничко образование.На часовите по предметот македонски јазик во склоп на проектот за меѓуетничко образование ги вреднуваме само воспитно-образовните вредности, не ставајќи акцент на ниеден друг сегмент: етникум, религија или јазик.  На часот разговараме за нашата земја , за етничките заедници во неа, за почитувањето, за разликите, за тоа дека сме обединети во различностите.  
На тема : ,,Јас и ти исти“, учениците од осмо одделение напишаа пораки за еднаквост и почитување на разликите.
 Ги разбивме сите бариери на стереотипи и предрасуди и со тоа стануваме пример како треба  сите луѓе да не прават разлики туку да научат како заеднички да живеат и да се почитуваат меѓу себе.

 На часот пораките ги напишавме на балони , а потоа ги пуштивме балоните и создадовме небо од балони со пораки со надеж дека ќе допрат до сите !





Comments