Мали оратори

Уметноста на убаво говорење се вика ораторство.На часот по македонски јазик се одржа натпревар по ораторство . Целта на часот беше учениците од осмо одделение да го изразат својот слободен дух на која било тема од секојдневниот живот , негување на интелектуалната култура и изразување на младешкиот бунт и непокор. И покрај тоа што ги нареков ,,мали оратори“тие кажаа големи нешта.Малите оратори беа луцидни, прецизни, издржани во критиката и неверојатно храбри... На крајот го избравме најдобриот мал оратор -Никола Манојловски кој говореше на темата ,, Човечкото во човекот“...Полека, полека малите оратори  влегуваат во светот на возрасните...

































Comments