Aнализа на романот : ,,Марта“- Горјан Петревски





Еден ден сите кои ја прочитале оваа книга ќе речат :,,Единствената книга од детството која не можеш да ја оставиш додека не ја прочиташ."
 Преку „Марта“ Петревски, омилениот писател, на сите деца ќе покаже како една девојка  која копнеејќи по љубов и заштита паѓа во рацете на неранимајко. Романот „Марта“ е возбудлива приказна од светот на денешниве генерации. Која во себе носи голема поука за животот на младите тинејџери : Да не му веруваме на секому и да не се впуштаме така лесно во стапиците на животот, бидејќи  ЧОВЕК не се сопнува од ПЛАНИНИ туку од КАМЕЊА !!! Mарта девојчето со ангелски лик се соочува со животот во кој мостот меѓу младите и возрасните е заеднички и неизбежен. ..

 На часот по македонски јазик,омилената книга, на учениците од осмо одделение ја анализиравме на интересен начин создадовме ,,КНИГА НА ОДДЕЛЕНИЕТО“ преку разни стратегии. Учениците беа поделени во групи и секоја група имаше задача да изработи по една страница од книгата :



Прва Група – Изработка на корицата на романот
Втора група- Опис на ликот на Марта
Трета група –Дневник со двоен запис
Четврта група-Мисловна мапа-анализа
Петта група- Ѕвезда на приказната
Шеста група-Венов дијаграм (Споредба на ликовите Витан и Борко)
Седма група-Најубави извадоци од романот
Осма група- Краток состав –Љубов во детските години
Деветта група- Како ја разбираат љубовта (преку техника цвеќе)

На крајот од часот впечатоците беа силни во позитивна конотација. Учениците беа : исполнети, мотивирани, насекаде имаше насмеани лица заради постигнатите резултати и изработки.Иновацијата во наставата по предметот македонски јазик се покажа како успешна.Нестрпливо се чека наредниот час по македонски јазик






Comments