Нелични глаголски форми Глаголска л-форма

Во македонскиот јазик постојат три вида на глаголски форми:
 -Лични глаголски форми 
-Безлични глаголски форми 
-Нелични глаголски форми
Глаголските форми кои имаат промени по лица се викаат ЛИЧНИ ГЛАГОЛСКИ ФОРМИ.
 Глаголските форми кои не разликуваат лица се викаат НЕЛИЧНИ ГЛАГОЛСКИ ФОРМИ.
 Глаголските форми кои не се поврзуваат со вршител на дејство за дејствата кои ги покажуваат се викаат БЕЗЛИЧНИ ГЛАГОЛСКИ ФОРМИ.
                                                                             
Еднина
машки род              женски род             среден род
пишувал               пишувала              пишувало                  
напишал               напишала              напишало                  

Множина

пишувале
напишале
Завршетоците на глаголите се : л, ла, ло и ле. Затоа се нарекува и глаголска л- форма.
Глаголската л- форма ги има граматичките категории: род и број.
Глаголската л- форма се образува од свршени и и несвршени глаголи. 

Comments