Проект -Учениците и борците заедно го чествуваат 11 октомври



Заедничката активност што се реализира помеѓу нашето училиште и Сојузот на борци од Битола ќе придонесе за учениците да се запознаат со животниот пат и херојското дело на народните херои ,заедно со преживеаните борци да го прославуваат големиот 11 октомври- Денот на народното востание . А исто така учениците да ја негуваат љубовта кон пишаниот збор и да ги развијат своите творечки амбиции во творењето на револуционерна поезија. Учениците пееа револуционерни песни и приготвија пригодна приредба на партизанските гробишта во Битола.

 И благодариме на нашата директорка : Лидија Павловска која ни го овозможи учеството во проектот.
Проектот не можеше да се реализира без вредните наставнички :Жаклина Димеска,Светлана Глигоровска, Зорица Бошковска и Марија Недановска 
  Денешните и идните генерации сме должни да ги чуваме и унапредуваме придобивките од НОБ и како од извор бистра планинска вода да ги црпиме своите инспирации за подобар  и посветол живот оти слободата е многу скапа.

Comments