Крај на учебната година

На прагот е летото, а на учебната година и дојде крајот. Завршија маките на учениците :оценките, испитувањата, домашната  работа... Знам , што се ви паѓа прво на памет кога ќе го слушнете зборот лето : море, езеро, базен ,плажа, возење велосипед , ролери, нови другарства... прошетки. Сите деца го сакаат летото. Уживајте во летото  и радувајте им се на топлите сончеви зраци кои ви крадат многу насмевки .
Но, немојте да заборавите да прочитате некоја добра книга,читајте ги лектирите и  запомнете :Зачувајте ја чистината на убавиот македонски збор бидејќи нема ништо поубаво од тоа да се пишува, зборува и твори на свој мајчин јазик!!!
Ви посакувам пријатен, заслужен летен одмор!




Вашата наставничка, Марија Недановска





Comments