Проект -Поетска работилница на тема ,,Животот и делото на херојот Коле Канински“

Во нашето училиште на ден 27.05.2014г под менторство на наставничката Марија Недановска  по повод 100 години од раѓањето на нашиот патрон и 70 години од неговото херојско загинување се реализира заедничката проектна  активност помеѓу нашето училиште и основните  училиштата: ,,Славко Лумбарковски“ -општина Новаци, „Даме Груев “-Битола и ,, Ѓорги Сугарев“- од Битола, која придонесе за учениците од другите училишта да се запознаат со животниот пат и херојското дело на нашиот патрон Коле Канински. А,  исто така учениците да ја негуваат љубовта кон пишаниот збор и да ги развијат своите творечки амбиции во творењето на револуционерна поезија. Учениците да покажат интерес кон минатото и личностите од НОБ и да се стекнат со едно неверојатно искуство и незаборавно дружење..Животниот пат и херојското дело на Коле Канински беше претставено во една кратка презентација која беше мал вовед за да се поттикнат младите поети да ги создадат своите творби.Сите песни на младите поети ги исполнија нашите очекувања , кај гостите ,семејството на наштиот патрон и колегите предизвикаа бура на емоции и многу, многу насмевки... и секако сите ученици беа наградени.Голема благодарност до наставниците по македонски јазик :Вецко Стојчевски, Билјана Герас, Жаклина Гиновска, Даниела Ристевска ,Билјана Стојановска и нивните ученици кои помогнаа да се реализира проектот .Благодарни им сме за отвореноста на нивните ученици да научат за нашиот револуционер кој својот животен и творечки пат го вгради во ослободувањето на Македонија.Денешните и идните генерации сме должни да ги чуваме и унапредуваме придобивките од НОБ и како од извор бистра планинска вода да ги црпиме своите инспирации за подобар  и посветол живот.










Comments