,,Да си дете, а да сетуваш болка е исто како да си старица на која одамна и поминало времето"- ДНЕВНИКОТ НА АНА ФРАНК


Вo Дневникот кој Ана го нарекува Кети, собрани се записите на малечката Франк од периодот помеѓу 12 јуни, 1942 година, кога таа за роденден ја добива тетратката која ќе ја користи за дневничките исповеди и записи, па сè до 1 август, 1944 година, три дена пред нејзиното одведување во концентрационен логор. Покрај личните тинејџерски интимни проблеми, Ана во својот Дневник ги следи и опишува и сите ужаси кои ги претрпува еврејскиот народ за време на Втората светска војна. Таа има напишано сè низ страниците на кои лесно се препознава болката. На страниците чии зборови се стиснати едни до други, исто како што била стисната и нејзината судбина. Судбината, за чиј почеток никогаш не ни помислила, но пак чиј крај многу добро го знаела. Во дневникот Ана го опишала стравот и маките што ги претрпела за време на бомбардирањето додека се криела во тајната соба во куќата на нејзиниот татко Ото Франк во Амстердам.
.,, Ги слушам се поблиску грмотевиците што ќе не уништат и нас, го  чувствувам страдањето на милиони, а сепак, ако погледам кон небото,  мислам дека се ќе се среди, дека ќе заврши и оваа суровост и дека  мирот повторно ќе завладее". Три недели подоцна германската полиција направила рација на Тајниот  анекс. Се уште не се знае кој ги предал. Жителите на Анексот биле  пратени во Вестерборк, а потоа во Аушвиц. Во октомври, Ана и Марго  биле пратени во Берген-Белзен. Починале од тифус со разлика од  неколку дена во март 1945 година, само неколку недели пред  Британците да го ослободат кампот. Нејзиниот татко 
Ото останал жив и успеал да се врати во Амстердам каде што ги нашол сочувани дневниците на својата ќерка кои подоцна биле објавени во 1947 година. Дневниците во својот оригинал се објавени на холандски јазик. Денес „Дневникот на Ана Франк“ е преведен на околу седумдесет јазици .Седумдесет години после пишувањето на овој дневник, книгата останува една од најчитаните записи на сите времиња. Популарноста на Дневникот на Ана Франк не спласнува ни денес. Нови изданија од истиот излегуваат во речиси секој дел од светот, а приказната на Ана чека нови генерации желни и полни со разбирање за човечките страдања во холокаустот

Comments