Сте слушнале ли за Митови?

Го знаете ли значењето на митовите и легендите? Знаете ли дека без нив, луѓето во дамнешните времиња не можеле да си ги објаснат случувањата околу нив? 
Во дамнешни времиња човекот не можел да ги објасни природните појави, па во својата фантазија измислувал натприродни сили заслужни за сè што се случувало. 
Така се создавале приказни(куси епски приказни ) за: богови, самовили, крилести коњи, џинови, змејови и други необични ликови . 
Митските приказни колку и да ни се чинат далечни секогаш го носат печатот на блискост и препознатливост. Ако сакаме да се враќаме назад или поточно кон почетокот,неминовно е да го допреме времето на постанокот на митовите,на чудесните митски легенди и бајки .Преку митовите се поврзуваме со некои непознати времиња,во кои заоѓаме за да бидеме дел од тоа минато.

Митот како потрага по некогашното,по заборавеното,значи и обврска да се превосоздаде убавината. Убавината по која копнееме,а која е сплотена во митовите.Митот и откривањето на суштината на митот,на мирисот на потеклото,на безброј божји и човекови судбини даваат вистинска подлога да успееме да ја обновиме убавината.


Откако објаснивме за митови отидoвме  на  планината Олимп која се наоѓа на  крајот на светот од каде што денес доаѓаат прераскажуваните приказни за вечните богови. 
Во парови учениците си одбираа мит за кој требаше да ни прераскажат и да го анализираат митот преку мапата за карактеристики...Се запознаа со ...Афродита,Атена, Хера, Посејдон...Уживавме откривајќи ги боговите и нивната моќ...

Comments