Зборови според лексичкото значење :D

Убави зборови од Видое Подгорец

 Ај,да измислуваме убави зборови!
Еве вака:
Да биде радост наместо мака.

 Се што е насилно,свирепо грубо-
нека го носи името-љубов!

 Вистина ставаме наместо лага
смеа и веселба наместо тага.

 Болката нека е ведрина сега,
а сите војни да станат шега.

Црното нека си остане боја,
но,да не тежи во душата твоја...

 Солзите-мака в срце што носат
 нека се претворат во капки роса.

 Зборовите според лексичкото значење ги учиме низ игра преку слика до збор , со една шарена презентација со која ги мотивира љубопитните главчиња да научат многу повеќе за зборовите. Целта на часот е учениците да ги разликуваат зборовите според лексичкото значење- синоними,антоними,пароними,хомоними и да ги користат во изразувањето.Во завршниот дел играме игра - во кутија има многу зборови учениците одговараат на барањето за зборот што го влечат.Играме и учиме...Морфологијата е навистина забавна!

Comments