- Придавки се зборови со кои се кажуваат особините на суштествата, предметите и појавите .Овие зборови ги појаснуваат именките . Какво е нештото ? Од што е направено ? Чие е нештото ?Примери : Мало девојче , втора шанса , златен синџир, такво дете , градски часовникГраматички категории на придавките :се род , број и определеностСпоред граматичката категорија -род придавките се во :машки, женски и среден род.Според граматичката категорија -број придавките се во : еднина и множина.Според определеноста постојат две правила за придавките во македонскиот јазик :1.Ако придавката е пред именката тогаш се членува придавката :Убавото девојче2.Ако именката е пред придавката тогаш се членува именката:Девојчето убавоПридавките според значењето се :описни, бројни, заменски и односни.*Односните придавки се : ( присвојни и материјални)Придавките кои даваат опис на предмети суштества и појави се ОПИСНИ ПРИДАВКИ.(црвен молив)Придавките што се образуваат од броеви се викаат БРОЈНИ ПРИДАВКИ.( трето дете)Придавките што се изведени од заменки се викаат ЗАМЕНСКИ ПРИДАВКИ.(мое пенкало)Односните придавки се:материјални ( дрвена клупа)присвојни ( училишна зграда )Од како ги објаснивме видовите придавки и нивните граматички категории , на компјутерите игравме квиз со придавки , каде што учениците ќе требаше да ги пронајдат придавките, квизот беше анимиран со анимации .После квизот учениците изработуваа вежба во даден текст да ги подвлечат придавките и да го одредат нивното значење.
Comments
Post a Comment