Време е за рима!

Децата сакаат зборови со рима.Римувањето на зборови го насочува вниманието на учениците кон гласовите на зборовите и помага за развивање на творечки способности кај децата.Наставната единица за рима гласеше РИМА И ВИДОВИ РИМА СПОРЕД МЕСТОТО НА АКЦЕНТОТ,cо цел учениците да ја посочуваат римата и да го определат видот на римата според акцентот на римуваните зборови. Учениците поврзуваа римувани зборови , се читаше извадок од песната ,,Т'га за југ“ -Константин Миладинов, ја откривавме римата и научивме дека римата според местото на акцентот може да биде : машка, женска и дактилска рима. Машка рима се јавува кога е римуван само по еден слог на крајот на стиховите ( мој-твој) Женска рима се јавувува кога се римувани по два слога на крајот на стиховите (мајка-бајка) Дактилска рима се јавува кога се римувани по три или повеќе слога на крајот на стиховите.(деновите-снеговите) . Во завршниот дел од часот учениците во работни листови ја пронаоѓаа римата во извадоци од строфи , на дадени зборови пишуваа зборови кои се римуваа.



Comments