Во нашето училиште промовирана книгата ,,Детски Божиќни исчекувања“

По повод големиот христијански празник Божиќ во просториите на ОУ ,,Коле Канински “- Битола беа доделени наградите од литературниот конкурс ,,Божиќна приказна“-за најдобри раскази и најдобри песни на кој се јавија повеќе учесници од основните   училиштата .На конкурсот учество зедоа не само ученици од основните училишта  од Битола туку и од општините: Новаци , и Могила ,Бистрица, Смилево , Ресен ,Демир Хисар... Малите писатели  уште еднаш ја покажаа својата љубов кон пишаниот збор.  

Со таа цел беше направена селекција на најдобрите раскази и песни и притоа беа објавени во книга ,, ДЕТСКИ БОЖИЌНИ ИСЧЕКУВАЊА“ , која беше промовирана на ден 25.01.2014 година- роденденот на нашиот Тоше Проески. 
Книгата е во издание на  издавачката куќа ,,ДЕТСКА АМАТЕРСКА ТВОРЕЧКА АСОЦИЈАЦИЈА- ДАТА ПЕСНОПОЈ “-,БИТОЛА. Главен и одговорен уредник е :Илија Мерковски .Редактори :Весна Димовска и Марија Недановска 









Comments