Согласките на крајот на зборовите

Кога зборуваме ние не забележуваме ,но согласките на крајот на зборовите ги изговараме различно од тоа како се пишуваат во зборовите - врв , прв се пишуваат со ,,в“, но при изговорот се слуша ,,ф“ (врф,прф) . Звучните согласки на крајот на зборовите се изговараат како безвучни. Целта на часот беше учениците да ја откриваат гласовната
промена во зборовите. 
Се потсетивме од шесто одделение  дека согласките во македонскиот јазик, според звучноста, се поделени на три групи - на звучни, безвучни и на сонанти. Звучните и безвучните согласки се групирани во парови, при што само х нема свој звучен пар. Сонантите, пак, се најзвучни, позвучни и од звучните согласки.


Звучни: б, д, г, в, з, ж, (-), ѕ, џ, ѓ

Безвучни: п, т, к, ф, с, ш, (х), ц, ч, ќ

Сонанти: м, н, њ, ј л, љ, р

За да провериме колку учениците ја откриваат гласовната промена на зборовите преку игра со вежби учениците пишуваат зборови и развиваат чувство за изговор и пишување на согласките на крајот на зборовите :

1.Трка(Учениците да напишат  10 зборови во кои има обезвучување на звучните согласки на крајот на зборовите) –Најбрзите тројца кои ќе напишат зборови каде има обезвучување на звучните согласки ќе ги освојат првите три места.
2.Крстозбор со зборови во кои има обезвучување на звучните согласки

Comments