Моите ученици -оратори

Говорот претставува непосредно користење на јазикот во процесот на мислењето, општењето и воопшто дејноста на луѓето.






Секој ученик имаше задача да подготви говор на слободна тема . Говорот што го припремија  , требаше да ги запази следните елементи  да биде разбирлив за пошироката публика, јасен, прецизен, едноставен, добро структуриран, да содржи примери.Требаше да се запазат следните критериуми: 

1.       Организација на говорот
2.       Структура на реченица(да се изразува убаво со стилски богати реченици)
3.       Дикција (артикулација,нагласување,појавување)
4.       Сценски настап (појавување,говор на телото,сигурност,самодоверба)
5.       Моќ на изразување (течност, истакнување на факти)
6.       Општ впечаток (интересен,разбирлив,убедлив,предизвикува внимание)



Учениците од осмо одделение од деветгодишното образование на часот по македонски јазик имаа несекојдневна можност да ги истакнат своите  ораторските вештини кои се истакнаа со својата енергичност и храброст го  трансформираа јавното говорење со едноставна леснотија во вистинска уметност.



,,Биди храбра издржи ги навредите"-Ана Стојчевска VIII-3


(Саем на книгата-книга на Марија Арсова-девојка со свое необично минато кое го објаснува во оваа книга)


Многу цвеќиња за храброста, бакнежи и прегратки,очи полни со солзи-минатото на девојчето ја воодушевува целата публика.Таа што ја напиша оваа книга со вистинска приказна,таа што не се срами да го каже своето мачно детство пред јавноста -Марија Арсова.Низ тишината наеднаш се слушна громогласен аплауз.Марија се качи на бината со солзи во очите и проговори: ,,Драги пријатели и пријателки многу ви благодарам што сте дел од овој важен настан за мене.Не знаете колку многу се радувам што стигнав до тука,храбро,без ничија помош.Во книгата ќе прочитате за моето осамено детство.Зошто викам осамено ? Затоа што јас имав најразлично детство од сите деца.Сите деца имаа безгрижно детство,но јас бев различна од сите.Бев измачувана од луѓето за кои мислев дека ми се вистински родители,но и тоа било лага.Сето мое детство беше потонатп во лага заради нечии интереси. Дали е тоа во ред, да ми го одземат моето детство,детство на едно невино дете?Знаете што јас имав различно детство од другите?Зашто обичнте деца се среќни и безгрижни,моето детство беше како река солзи. Секој ден го минуваав во тага , на моето лице немаше ден да не потечат солзи." Се закашла и продложи:,,Кога пораснав и кога сфатив дека ако сме храбри ќе постигнеме нешто во живототи оттогаш ја имам оваа насмевка на лицето (се насмевна, а во очите имаше сјај како никогаш досега) Книгата започнав да ја пишувам кога наполнив осумнаесет години. Никогаш не ми дошло на памет дека ќе стигнам до тука,но со надеж и борба се обидов да го направам овој голем чекор кон мојата иднина.“

Наеднаш од таа тишина, грмна силен аплауз ,но Марија продолжи: ,, Од оваа книга ќе научите многу-книгата претставува една порака како треба да се живеесо надежи,погледи кон иднината.Самиот наслов на книгата ви ја открива пораката. И за крај сакам да ви кажам некои работи кои јас ги научив од животот:

НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НЕ И ПОГЛЕДНИ КОН ИДНИНАТА!

АКО СЕ НАДЕВАШ ЌЕ СТИГНЕШ ДАЛЕКУ!

НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ ОД ЖИВОТОТ КОЛКУ И ДА ТИ Е ТЕШКО!

и за крај БИДЕТЕ СВОИ, БИДЕТЕ БОРЦИ!

Публиката ја поздрави Марија со голем аплауз.Марија беше многу среќна и плачеше од радост.Марија се потпишуваше на нејзината книга ,а луѓето се поздравуваа со младата писателка и ги споделуваа впечатоците...

,,Денот на екологијата“(Наталија Стефановска VIII-3)

Пристигнав. ме пречекаа насмеаните детски лица,наставниците,родители и други присутни.Се беше возбудливо и интересно, но и малку збнувачко.Но ме исполнуваа детските очи.Директорката ја отвори свеченоста и одржа краток говор : ,,Почитувани наставници,почитувани родители, почитувани ученици,почитувани присутни, радосни сме што сме овде сите заедно на Денот на пролетта и вооедно Денот на екологијата.Овде на оваа свеченост ќе присуствуваат сите ученици со своите творби.“
Претседателката на еко -одборот ме најави мене како најактивен член во еколошката секција. Имав трема , но започнав со моите еко-пораки :

,,Да ја чуваме околината чиста! Да не фрламе отпадоци на секое! Здрава околина, здрав живот!

Денот на екологијата е важен ден за сите нас.Насекаде околу нас во парковите, во водите , има отпадоци на кои им е местото во кантите за отпадоци.Воздухот станува се позагаден од фабриките ,од автомобилите , на тој начин секој ден милиони луѓе умираат дишејќи загаден воздух,пиејќи загадена вода... Но, тука сме ние децата, да се грижиме за природата , да бидеме нејзини чувари.Да го направиме светот поубаво место за живеење, на синото небо да летаат птици, водите да се бистри и чисти, да дишеме здрав и свеж воздух.

Завршив и одеднаш одекна громогласен аплауз. Насекаде се расфрлаа цвеќиња, се слушаше детски џагор и свеченоста заврши.

,,Денот на дрвото“ ( Софија Мирчевска VIII-3

Почитувани соученици!Денес е денот на дрвото, акција од која што нашата држава се обидува да направи традиција.Неколку години наназад нападнати сме речиси на сите телевизии со бројот на садници, со значењето на шумите за идните поколенија, пренатрупани сме со бомбастични изјави од страна на ѕвездите од музичкиот свет , но како нешто да недостасува? Еве утре ќе бде првиот од вкупно двата дена , замислете дури два дена во годината граѓаните на Република Македонија садат дрва! Од друга страна , во предвид го имам следниот податок:

,, Македонски шуми“, претпријатие кое што стопанисува со шумите кои се мои и твои,наши и ваши и на идните поколенија,сече замислете барем двесте денови во годината. Сечат толку безмилосно, па не два ,туку и дваесет и два ,, Денови на дрвото“ во годината не се доволни за да се засадат,онолку-колку што овие сечат! А зарем не треба да сечат толку или помалку-отколку што ќе засадат?!

Арно ама не се само ,,Македонските шуми“ тие што ги сечат.Нема повеќе од една недела откако се прошетав низ старата војничка касарна што да види човек,ужас.Едно чудо дрво испосекле за да издградат нови шарени згради.Зарем само тука можеше да се гради, зарем мораше дрвата да се сечат,малку ли се голини зад Тумбе-Кафе,малку ли е неплодно земјиште,та одлучиле тука да ѕидаат?И сечат и корнат стеблата на кои што барем педесетина години им требало да пораснат.

Не,неможеме ,неможеме да засадиме онолку-колку што овие можат да исечат.Треба да престанеме да сечеме.Што поското...

Замислете сонцето никој не го ,,исекол“,ниту ветрот,ниту ќе успее некој да ги заузди, поттикне да размислуваат за да ги искористат овие нескротливи ѕверови.

Исчитаниот весник е речиси половина од хартијата потребна за утрешниот весник.Кога веќе нешто гори за да ја стопли водата во радијаторите,нека горат отпадоците.

ИДНИНАТА СЕ СОЗДАВА СЕГА СЕКОЈ ОД НАС Е ОДГОВОРЕН ЗА НЕА!


,, Ден на мирот“-(Елена Десановска  VIII-3

Драги ученици, наставници,родители, почитувани гости радосни и среќни сме што на овој ден се собравме сите на едно место заедно да го прославиме денот на МИРОТ.
Секој еден човек, среќен e кога живее во мир.Кога може да ги гледа своите деца како растат нез да се плашиме дека утре ќе има војна.Мирот е нешто највредно и сите ние треба да го негуваме.Децата од нашето училиште ја украсија просторијата во која го прославувавем овој ден , со цвеќиња во разни бои.Разнобојните цвеќиња и прекрасните мириси ,кои ја исполнуваат оваа просторија,претставуваат симбол на мирот и на тоа колку е убав светот во МИР.Во име на сите ученици од нашето училиште ви порачувам : ,, ДА ПРЕСТАНАТ СИТЕ ВОЈНИ ВО СВЕТОТ И СИТЕ ДЕЦА ДА ЖИВЕАТ ВО МИР“



,,Приредба по повод Денот на жената“ (Изабела Петрова VIII-3)

Драги наставници, родители и сите присутни.Добре ни дојдовте на нашата приредба по повод денот 8ми март -Денот на жената. Сите ученици  во нашето училиште со голема радост и возбуда ја организираа оваа свеченост. Децата од нашето училиште ни припремија неколку драмски точки, рецитали,музички точки , а хорот на нашето училиште ќе ја испее ,,Химната на Република Македонија“ и ,,Ода на Радоста“.Приредбата е организира со една цел : Сите жени во целиот свет да бидат секогаш среќни и исполнети со радост , не само на овој ден туку во сите денови во годината“

,,Почеток на учебната година“(Симона Тодорчевска  VIII-3)

Драги родители, драги наставници, драги ученици  од името на раководството на OУ,,Коле Каниски“ -Битола ,како и од мое лично име сакам да ви посакам едно големо добредојде и среќен почеток на новата учебна година.Можноста да бидете дел од ова училиште за вас треба да претставува огромна чест и задоволство.Но, сепак не треба да заборавиме дека како дел од ова училиште вие самите сносите и голема одговорност. Драги гости нека ни е со среќа почетокот на учебната година .Ви посакувам многу успех и секако многу забава и дружење. Среќно! 

,,Патронен празник“(Анастасија Ѓорѓиевска VIII-3)

Почитувани гости, родители,наставници , драги ученици, радосни и возбудени сме денес заедно да го прославиме патрониот празник на нашето училиште. Сакаме да бидете дел од нас и со нас да ги споделиме овие убави моменти,на убавото и весело детско творење на кое сме посебно горди/ Еве со нас е директорката на нашето училиште, како и градоначалникот на нашиот град и за нас е голема чест што не почести со неговото присуство.Нашата програма е богата со многу творби и најпрво ќе се претстави литературната секција со нивниот рецитал за нашето училиште, изразувајќи желби за мир и СЛОБОДА.Потоа следува и нашата драмска секција со извадок од романот ,, Калеш  Анѓа“.Програмата ќе биде збогатена и со говорот на градоначалникот на кој ќе му посакаме големо добредојде. Под Менторство на наставникот Никола Петровски ќе бидат презентирани цртежите на ликовната секција. За крај наши почитувани гости ќе се претстави нашата играорна група со неколку македонски ора. Сите овие години се нижеа и многу награди кои ги добиваше нашето училиште, тие се заслуга на учениците , како и наставниците. Уживајте во програмата.

,,Денот на детето“ - (Маринела Петреска VIII-2)

Драги присутни гости ви посакува добредојде на денешниот настан.Човекот еднаш се раѓа,еднаш умира и само еднаш е дете.Најубавиот,највеселиот, најбезгрижниот живот треба да е животот на детето.Детето е искрено, наивно и среќно.Спомените од детството остануваат врежани длабоко во срцата на секој траат се додека чука срцето.Многу е тешко да си дете.Можеби е чудно, но вистинито.Возрасните се опседнати со своите проблеми, па некогаш забораваат на своите деца и нивните права и потреби.Децата се најневините суштества.Тие имаат посебни потреби. Секоја година милиони деца се жртви на семејно насилство,експлоатација на труд,трговија со луѓе и физичко и психичко насилство. Дваесети ноември е светскиот ден на детето.На овој ден треба да ги потсетиме возрасните дека децата како ранлива категорија на сеое опшество , имаат потреба од посебна грижа и помош од страна на возрасните.Ви благодариме што дојдовте на овој настан и уживајте во програма.

,, Да ја зачуваме природата“-(Јулијана Ристовска VIII-2)

Денес е ден пред еден многу важен чин.Ден кога треба да се одржи говор пред насобраната толпа на луѓе и да се поттикне свеста кај нив за да ја зачуваме природата,која ни ги дарува сите нејзини убавини. 
-Дојде тој час!
-Добар ден драги гости.Ви благодарами за вашиот одзив на нашата покана.Овој собир го свикавме за да ја добиеме вашата поддршка,да ја поттикнеме свеста  кај нашиот народ, да ја зачуваме природата заедно со нејзините благодете затоа што таа е дел од сите нас,затоа што ние не можеме без неа,таа е нашата душа, наместо срце без неа сите ние сме како птици без крилја.
-Да не дозволиме таа да не напушти, да не ја уништуваме туку да ја чуваме и негуваме, како зеницата на нашето око.Ние треба да ставиме штетното и она непотребнотѕо онаму каде што му е местото затоа што има каде да го ставиме за да не ја уништуваме околината околу нас.
-Таа околина во која сите ние живееме секојдневно е нашиот дом,нашата душа, ако таа нас не напушти што тогаш ќе правиме сите ние ?
-Затоа наши граѓани во оваа кошница полна со зеленило, цветови, убавини, живот и што уште не за кое сите ние не сме ни малку свесни колкаво е нејзиното значење за нас.Ние не треба да бидиме уништувачи туку чувари на природата -да ја заштитиме и да ја зачуваме онаква каква што таа самата по себе се создала.
-Се надевам дека нашите молби кои ги испративме до вас ќе ја поттикнат вашата свест.Таа претставува кошница полна со богатства , а тоа богатство е нашиот живот и животот на идните генерации.
-Уше еднаш ви благодариме што ја прифативте поканата и што не ислушавте и заедно сите ние да го решиме овој проблем кој не засега сите нас овде присутни.
Ви благодариме!



,,Најава за театарска претстава“-Стефан Брсаковски VIII-2

Драги гости, драги пријатели.
Чест ми е што сте тука со мене во овој важен момент.

Прво, сакам да упатам благодарност до луѓето без кои оваа претстава неможеше да се реализира. Сега да преминеме на тоа за што сме дојдени. Оваа претстава ја создадовме за да му покажеме и докажеме на светот колку еден човек може да биде алчен и колку еден човек може да биде нечовек. За да ви биде поинтересно нема да кажам ништо повеке, само ке ве препуштам на нашите актери подобро да ви раскажат за што станува збор. Уживајте

Перо Антиќ- Марко Аневски VIII-2

Драги присутни гости , ученици мајки и татковци радосни сме и возбудени што ќе го гледаме натпреварот на Атланта во чија екипа игра нашиот кошаркар и капитен на нашата репрезентација на Македонија -Перо Антиќ.Се надеваме дека Перо Антиќ ќе учествува во натпреварот и ќе постигне добри поени.Нашиот Перо Антиќ е 210 cm. висок и 110kg тежок.Тој има играно во повеќе екипи , но сега игра во НБА лигата за Атланта. Му посакуваме многу среќа во натпреварот.

Comments