ИМЕНСКА ГРУПА НА ЗБОРОВИ

Учениците во шесто одделение се запознаа со групата на менливи и неменливи зборови.
Повторивме дека :
Во групата на менливи зборови спаѓаат :именки,глаголи,придавки, заменки и броеви.
Во групата на неменливи зборови спаѓаат :честици,извици,сврзници,предлози ,прилози и модални зборови.
Во седмо одделение се запознавме со терминот -Зборовна група - Зборовите кои имаат заедничко значење и заеднички особености образуваат ЗБОРОВНИ ГРУПИ.
Научивме дека -именките,придавките,заменките и броевите се во тесна врска и се нарекуваат ИМЕНСКИ ЗБОРОВИ

Поединечно за секоја група низ слики и презентација повторуваме за видовите именски зборови


Во завршниот дел од часот во текст  учениците ги бараа именските зборови и ги класифицираа во табели

Comments