Стилски изразни средства

Стилистиката е наука која ги проучува можностите за изразување што ни ги дава јазикот и начинот на кој можеме да ги употребиме тие средства за да се изразиме во дадени ситуации.
Стилските изразни средства авторите ги употребуваат за да постигнат поголема сликовитост ,музикалност и емоционалност во творбата.
На часовите по македонски јазик изразно рецитиравме песни, анализиравме , препознававме стилски изразни средства. Во седмо одделение се запознавме со стилските изразни средства: Компарација и Ономатопеја.
-Изразното средство со кое се имитираатзвуци од природата,гласови на животни изразни шумови се вика ОНОМАТОПЕЈА.

Примери за Ономатопеја :Шуш ,шуш !Кап,кап!Фиу-фиу
                                             Кив! Кив !Мууу !Гра! Гра! 
-Изразното средство  со кое се врши споредување меѓу некои предмети,суштества или појави според некоја  нивна или заедничка особина се вика КОМПАРАЦИЈА или СПОРЕДБА.
Примери за Компарација :,,Ко гората потокот е зелен“
                                            ,,Ко небото потокот е модер“.
                                            ,,Глеј ,потоков е бел како свила“.

Учениците имитираа звуци на животни , природни појави ...
Поврзуваа зборови со користење на изразното средство компарација.
Пронаоѓаа ономатопеја и компарација во песни.
Твореа нивни песнички со изразните средства компарација и ономатопеја.

Comments