ЕКО ЧАС

Како дел од активностите на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ , по наставниот предмет македонски јазик реализираме еко часови.Еко часовите се интерактивни вклучувајќи многу активности за заштита на животната средина.На часот по македонски јазик го читавме текстот ,, Еколошки чистата средина ни гарантира подобро здравје и живот“од Еко стандардот 3-: ОДРЖУВАЊЕ НА ЗГРАДАТА И ЗДРАВА СРЕДИНА ВО УЧИЛИШТЕТО со цел да се подигне свеста кај учениците за заштита на животната средина како една од основните вредности.Заедно со учениците од осмо и седмо одделение го читавме текстот, анализиравме, дискутиравме , го гледавме видеото за влијанието на човекот врз животната средина -како ја уништува и како таа му возвраќа на тоа.Jа слушавме Mad World (Луд свет)-Gary Jules .
Во завршниот дел од часот учениците ги пополнуваа дневниците со двојни записи -со една цел КАКО ТИЕ ЌЕ ПРИДОНЕСАТ ЗА ПОДОБАР СВЕТ?






Comments