Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот
јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во
1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и
културна разновидност и мултилингвизам.
Јазикот е обележје на еден
народ, главна карактеристика по која се разликува од другите народи.Кој е ваш
мајчин јазик и дали вие го сакате и негувате?
,Македонскиот
јазик треба да биде строен и изразит,да биде вистински белег на
македонската нација,зашто преку литературниот јазик се закрепнува најздраво
свеста за припадност кон нацијата.Македонскиот литературниот јазик треба да
биде навистина македонски.“-Блаже Конески

Без јазик си
никој и ништо-Видое Подгорец
Родниот јазик е бисерен ѓердан
од зборови-плодови сочни,
мислите тие ти ги редат
во слики јасни и точни.
Тој е вруток непресушен,вечен,
низ бистри капки-зборови тече.
Жубори, клокоти, ѕвони, се лее
ко јасна ѕвезда секој збор грее.
Тој ни е завет од дедовците
како тланикот на огништето.
Чувај го како црнка во очите-
-без јазик си никој и ништо.

,,Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го
милуваме нашиот јазик, зошто е наш, исто како што е наша татковината. Еден
народ што го изгубил својот јазик, личи на човек кој го изгубил патот и не знае
ни каде оди, ни кој е!“-
Крсте Петков
Мисирков
Comments
Post a Comment