Фабула и содржина на прозен текст преку народната приказна ,,Девојчето и дванаесетте месеци.“

Епиката е еден од трите литературни рода. Основна карактеристика на епиката е раскажувањето.
Според формата епиката може да биде напишана во стих (поезија) или во проза.
Низата настани кои авторот ги раскажал подредил според редоследот како што се случуваат (природно,хронолошки) се вика фабула.
Епската творба има и своја содржина.Поимот содржина има пошироко значење од поимот фабула.Ако го прераскажеме се она што е раскажано во творбата од почеток до крај, велиме дека тоа претставува содржина на творбата.

Целта на часот е учениците да умеат со стилски обогатени реченици да раскажуваат фабула и содржина и да прават разлика меѓу овие елементи. 

Приказната со слики ја прочитавме , објаснивме што е фабула ,а што е содржина ,а потоа во групи едни ја прераскажуваа содржината, а другите фабулата.



Погледнете ја приказната ,,Девојчето и дванаесетте месеци.“

Comments