Елементи на прозен текст-Тема

Предметот на обработка на епска творба се вика тема.А темите во епската творба се :настани,појави,ликови, различни проблеми.

Од како научивме што е тема , учениците имаа задача да напишат состав на една од предложените теми :

1.Еден мој спомен од детството
2.Посакувам среќно детство за сите деца во светот.

3.Некои деца имаат несреќно детство.
Детството време во кое играта и смеата се секојдневни,.. се е толку розово, преполно со сни и копнеж барем за миг да ѕирнам во светот на возрасните...Толку голем збор за толку мало срце... :D

 ,,Некои деца имаат несреќно детство"-Ангела Стојановска VII-1

           Секое дете во светот посакува семејство кое го сака, топол и удобен дом , среќа , здравје и љубов... Но, не секое дете ги има сите овие работи.Секое дете би сакало кога се враќа од училиште да го чекаат неговите родители и цврсто да го прегрнат. 
     Но за жал некои деца немаат родители и живеат несреќно во дом за деца без родители.Некои живеат на улица и за нив нема кој да се грижи.Не секое дете има можност да оди на училиште и да стекне знаење. Има деца кои се тешко болни, немаат можност да се движат или нормално да комуницираат.Некои се жртви на семено насилство и неможат да направат ништо против тоа.
             Јас посакувам секое дете на светот да биде сакано и среќно да има удобен и топол дом.

,,Еден мој спомен од детството“-Бобан Тасевски VII-1

             Еден ден беше многу ладно и надвор врнеше снег . Јас и мојот другар Стефан излеговме надвор.Игравме разни игри на снегот па се договоривме да направиме снешко .Почнавме да го правиме снешкото, а Стефан донесе морков, тенџере , а јас од дома донесов метла ,петлици и шалче.
         Кога го завршивме снешкото , ги поставивме сите работи кои ги донесовме од дома : морковот,тенџерчето, метлата, петлиците и шалчето.Морковот го поставивме на неговиот нос,шалчето околу неговиот врат,тенџерчето на неговата глава ,метлата во неговата рака, а петличињата стоеа на неговото лице место очи , нос и уста.
           Сите луѓе од целата мала се собраа пред нашата зграда и се воодушевуваа како изгледаше нашиот снешко.Тие  не пофалија и ни кажаа дека овој е најубавиот снешко што беше го виделе.
            Јас и Стефан среќни и задоволни си отидовме во своите домови.

                        

                                 ,,Некои деца имаат несреќно детство“-Кемал Јашаров VII-2

            Човекот еднаш се раѓа,еднаш умира и само еднаш е дете.Најубавиот, највеселиот живот е животот на детето.Само што некои деца оваа можност ја немаат да уживаат во животот. Децата кои немаат среќно детство се изложени на малтретирање , ги тераат да питаат по улиците и на крај завршуваат во дом за деца без родители.
              За прв пат во животот размислив за тоа колку сум среќен што имам семејство и луѓе кои се грижат за мене .
                Децата, мали невини суштества кои со нивниот искрен поглед ти обземаат некое чувство што неможе никој да го опише.Децата кои се изложени на физичко и психичко малтретирање , кои изгубеле еден родител или пак на некој друг начин им е унесреќено нивното детство , понатаму во животот можат да страдаат од здравствени проблеми
                  Детскиот свет е свет на приказни и игри, дружења и безгрижни дни исполнети со радост. Жалосно но, вистинито на некои деца детсвото им е уништено.




Comments

  1. Браво за ова што го работиш.Одлични презентации, игри корисни за учениците но и за твоите колеги. Се надевам дека ќе мое да ги користи кој сака; Поздрав!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ви благодарам на убавите зборови , навистина ми значат ♥️

      Delete

Post a Comment